Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ги усвои извештаите за напредокот на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, информира европратеникот и известувач за земјава Илхан Ќучук.
Во изјава на Бугарското национално радио (БНР), Ќучук нагласи дека документите биле усвоени откако попладнево бил постигнат компромис околу Извештајот за земјава.
Според Ќучук, во Извештајот за земјава била усогласена компромисна формулација дека „добрососедските односи се важен дел од преговарачкиот процес, дека Договорот со Бугарија мора целосно да се спроведе и дека тој игра клучна улога во регионалната соработка“.
Европскиот парламент треба да се изјасни за извештаите за Македонија и за Албанија на пленарната седница закажана за 25 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.