Членовите на Комисијата за европски прашања денеска, на вториот ден од расправата за предлог-измените на Законот за државјанство, треба да гласаат по документот.

Пратениците од опозицијата и денеска, како и на претходната седница на Комисијата, се обидуваат преку процедурални забелешки да го одолговлечат гласањето за законот. Тие поднесоа 1000 амандмани за него.

Инаку, станува збор за Предлог-измени на законот со кој треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето на законот во сила.

Во моментот има пауза на седницата на Комисијата за европски прашања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.