Комисијата за заразни болести утрово решава за евентуални нови рестриктивни мерки кои би ги предложила до Владата.

На состанокот ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да ви кажам дали ќе имаме нова препорака до Владата или не, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче во 11 часот закажа конференција за медиуми на која најверојатно ќе ги соопшти одлуките од седницата на Комисијата за заразни болести.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.