И покрај извесни подобрувањa околу состојбата со пандемијата полицискиот час да се применува и во наредниве седум дена. Ваков заклучок на денешниот состанок донела Комисијата за заразни болести откако се анализирани состојбата и тенденциите во ширењето на корона вирусот. Освен полициски час во сила остануваат и други рестриктивни мерки какви што се забрана за работата на угостителски и други објекти. Овој предлогот е прифатен и од страна на Главниот координатовен штаб, а за него утре ќе се изјасни и Владата.
Според сознанијата, оценка е дека има одредено подобрување во епидемиолошката состојба, но тоа сепак не било доволно да се ублажат мерките. Се уште бил голем притсок врз болниците од страна на пациенти на кои им е потребна болничка нега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.