Одлуката на Комисијата на Филипче за случајот со родилката Веапоска е показател за упропастениот здравствен систем, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако извештајот во случајот со струшката родилка било наведено дека единствен недостаток што бил констатиран било тоа дека во медицинската евиденција во Струга, плодот бил заведен како машко наместо како женско дете.
Патем оваа одлука во која се утврдува дека единствена грешка во овој случај е запишувањето на полот на роденото дете, а не фактот што родилката после царскиот рез останала без јајник, матка и бубрег, е уште еден показател дека институците сакаат да забошотат трагичен случај на една родилка, за да го заштитат помоќниот.
Срамота. Оваа нечовечка одлука на Комисијата на Филипче очигледно имала политичка задача да го заташка случајот.
Патем да биде состојбата уште пострашна за истата болница, за истото одделение и за истиот лекар се врзуваат и други трагични случаи за кои нема никаква разрешница. Затоа и ВМРО-ДПМНЕ и јавноста се повеќе се уверува дека институциите и Филипче преку бирократски процедури сакаат да заштитат очигледно кривично дело на сметка на оштетените пациенти и нивното здравје, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.