Комисијата за заразни болести не постапуваше професионално и се адаптираше на она што било побарано од владата, како со Протоколите кои беа направени без претходно да има 0 случаи или под 5% на новозаболени, истакна денеска нефрологот Игор Николов од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ 24.
Комисијата за заразни болести се адаптираше на она што го бараше Владата и беше побарано да прават Протоколи, ги направија Протоколите без да имаме 0 случаи или под 5 % случаи на заразени од тестираните, и рекоа дека може да се спроведуваат протоколите, тоа резултираше со кластер СДСМ, вели доктор Николов.
Тој истакна, исто така, дека не сме паднале под 5% новозаболени случаи, во сооднос со бројот на тестираните, сега сме на 1300 активни случаи заразени со коронавирус, дијагностицирани со симптоми, што значи дека сме ја дуплирале најлошата бројка.
Додаде дека денеска излезе една студија од Империал колеџ од Лондон којшто вели дека со целосниот карантин се зачувани околу 3 милиони животи што го оправдува целосниот карантин воспоставен во Европа. Тој порача дека не може да се прогласи целосен карантин во еден град, а да не прогласите лимитирање на движењето во останатите градови, како што било случај во европските земји.
Доктор Николов појасни дека иако препораките на Комисијата на неколку наврати не беа прифатени од страна на владата, имало период на подобрување односно на прилагодување од она што го изјавила комисијата кон потребите и барањата на владеачката гарнитура.
Беше прерано да се адаптираат на барањата на СДСМ и требаше мерките да не се олабавуваат до тој степен и доколку Комисијата сметаше дека не се на соодветен начин мерките соодветни требаше да протестира, но ние имавме само еден член од Комисијата којшто го изрази својот протест со барање за повлекување на неговата претседателска функција во комисијата, вели доктор Николов.
Во однос на составот на Комисијата, Николов критикуваше дека таму во моментов членуваат 5 до 7 директори назначени од Венко Филипче директно под насока на владата, има директор којшто е листата на пратеници на СДСМ во Изборна единица 1. И самиот вели дека не е убеден дека е доволно во таква комисија да има само еден професор од медицинските факултети во земјата, а другите членови да бидат назначени директно од министерот за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.