Во сала 6 во Собранието во тек е состанок на Комисијата за здравство. Според фотографијата може да се види дека ни самите пратеници не ги почитуваат протоколите за заштита од коронавирусот.
Не само што меѓунив нема дистанца, туку и во една мала затворена просторија се повеќе од 27 пратеници.
За крај, иако се дел од Комисија за здравство, дел од нив не ни носат заштитна маска или прекрвка на лицето, на чело со претседателот на комисијата Арбен Зибери од ДУИ, кому пак не му е првпат во Собрание да биде без маска, ниту да демонстрира самоволие без последици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.