Европскиот комесар за проширувае Оливер Вархеји денес разговараше со Христијан Мицкоски и Зоран Заев за политичката криза која се создаде околу одложените избори, по што порача дека е важно изборите да бидат слободни, фер и инклузивни.
Со ова, комесарот ги отфрли обидите на СДСМ сами, на своја рака, да го постават датумот за избори. Разговорите се случија набргу откако Владата предводена од СДСМ се обиде да протурка законско решение кое, според нив, ќе значи одржување на „корона избори“ на 5 јули.
– Разговарав со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски вечерва, за да ја подвлечам потребата во Македонија да се одржат слободни, фер и инклузивни избори. Треба да се земе предвид состојбата со Ковид-19, како и потребата ефикасно да се овозможи економска обнова, напиша Вархеји во својата порака по разговорите со двајцата лидери. Со барањето на инклузивни избори, јасно е дека ЕУ нема да дозволи СДСМ на своја рака да го определат датумот за избори, надевајќи се на бојкот на опозицијата.
Во пораката на Вархеји исто така се посочува дека кризата со корона вирусот, кој беснее во Македонија каде во тек е втор бран на епидемијата, мора да се земе предвид при утврдувањето на датумот за избори.
СДСМ бараат избори во период во кој мнозинството граѓани не ни помислуваат да излезат на гласачките места, и се надеваат дека со крајно ниска излезност ќе успеат да постигнат подобар резултат за себе. ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека ваквиот план ќе доведе до сериозно ширење на вирусот меѓу гласачите и до голем број на човечки жртви. Опозицијата предложи датуми во август и септември, кога може да се надеваме дека вирусот веќе ќе биде под контрола.
Ова е втор пат Вархеји да се огласи за прашањето на изборите. Тој на 2 јуни исто така порача дека е важно изборите да бидат фер и слободни и да им се остави доволно време на политичките партии да водат кампања. СДСМ во изминатите недели ги кршеше епидемиолошките препораки и водеше кампања, вклучително и со поткуп на гласачи со вреќи компири и брашно, што инфицираше и испрати во карантин десетици функционери на владејачката партија, додека другите партии ги почитуваа препораките и се воздржија од водење кампања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.