Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Тетово, Ука Алити, вели дека тие дале сè од себе за да се справат со пожарот, но дека пламените јазици биле преголеми.
Пламените јазици беа толку големи, пожарот можеше да фати и друг објект. Тогаш штетата би била уште поголема. Дадовме сè од себе, го дадовме максимумот само пламените јазици да не се прошират и да можеме да извадиме што повеќе луѓе. Во тие моменти не гледавме и не мислевме дали вадиме живи или мртви. Колку што можевме, извадивме, но треба да нагласам дека и многу од граѓаните и од лекарите ни дадоа голема помош за да ги евакуираме луѓето што беа во модуларниот центар, објасни Алити пред новинарите.
Веднаш излегле на терен со три противпожарни возила и 16 пожарникари, останал само еден пожарникар да прима повици. Првата интервенција со две противпожарни возила била од внатрешната страна на медицинскиот центар. После се видело дека треба да се интервенира и од другата страна, од страна на реката, со едно противпожарно возило и една екипа бидејќи тука требаше да се гаси пожарот, но истовремено и да се направи евакуација на луѓето или болните што лежеле тука.
Алити додава и дека имало само една експлозија на боца, а во интервенцијата полесно бил повреден само еден пожарникар, додека пак четворица од нив вдишиле чад.
Претпоставувавме дека во модуларниот ковид-центар постојат боци. Боците со кислород при голема температура како синоќа експлодираат. Кислородот се знае дека не гори, само прави експлозија, но помага на проширување на пламените јазици. Моравме да бидеме претпазливи и кога експлодираат боците, објаснил командирот Алити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.