Командантот на Здружената оперативна команда, генерал Павле Арсоски, се прости со починатиот генерал Бранко Дракалски.

Со неизмерна тага ја примивме веста дека генералот Бранко Дракалски ненадејно замина од овој свет. Беше наш постар колега и ментор во работата, војнички другар и прекрасна личност.  Вечна ти слава и помен голем човеку – напиша генерал Арсоски.

Генералот во пензија Бранко Дракалски почина на 59 годишна возраст по кратко боледување од корона вирус.

Во текот на неговата воена кариера до неговото пензионирање во 2015 година, бригадниот генерал Бранко Дракалски, има извршувано повеќе високи воени должности, а во период од 2009 – 2014 година беше и највисок воен претставник во седиштето на НАТО во Брисел.

Претходно има извршувано голем број на командантски должности меѓу кои и командант на втората механизирана пешадиска бригада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.