Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи вели дека Садула Дураку е искусен политичар кој е носител на институционалната и политичка меморија на ДУИ. ДУИ прави интересен мозаик на искуство и млада енергија што испорачува резултати, изјави денеска вицепремирот за европски прашања Бујар Османи.
За министерот за екологија кој во јавноста дал само една изјава, дека „не се бави со граѓаните“ и тоа за време кога земјата уриваше рекорди по загадувањето, Османи вели:
Улогата на Дураку е да го трансформира Секретаријатот за рамковен договор во Министерство за политички систем. Имајќи предвид дека тој е дел од учесниците на подготвување на рамковниот договор нема човек кој подобро го знае духот на Охридскиот рамковен договор, рече денеска Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.