Вицепремиерот Садула Дураку, во јавноста познат и како Командант Вентили, во емисијата „10 минути“ на ТВ21 изјави дека Владата ја подготвила втората фаза за селекција на административците кои земаат плата, а не одат на работа, но без точен рок кога ќе дознаат на кое работно место ќе бидат распределени.

Сегашната влада имаше одлука за распределба на 938 административци во институции и од нив за 519 почна постапката и тоа во сите ресори кои се на ниво на Владата, каде имаме одговор и правиме селекција во прва фаза. Верувам дека првата фаза ќе помине без никаков проблем и потоа ќе преминеме на втората фаза, при што со владина одлука треба да се направи распределба на 938 административци, вели Дураку.

Засега 938 државни административци вработени според Рамковниот договор и натаму ќе седат дома, а ќе добиваат плата. Овие административци веќе една деценија седат дома, а примаат плата. Немаат ниту еден ден поминато на работно место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.