Мухамед Красниќи алијас командант Малишева од Кумановската група го затвори профилот, таша што сега не се гледа јавно честитката до напаѓачите на ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои беа нападнати во затворот во Шутка.

Секој политичар кој е вмешан во оваа стапица…и кој ќе ни падне во раце ќе биде истепан и ќе биде скршен од ќотек од страна на било кој член од нашата група. Браво за денес другари, покажавте кој сте. Спиро Ристoвски беше боксуван од Лирим Крашниќи, браво братучед. Миле Јанакиевски беше боксуван од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обеливте денес. Ние нема да престанеме во оваа битка. Ниту еден Албанец не се освети за нас до денес и затоа ние сами ќе се осветуваме бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот, пишува Красниќи.

Красниќи е познат како еден од водачите на групата која учествуваше во терористичкиот напад во Диво Насеље, при што беа убиени осум полицајци, а 38 беа повредени. Во дводневната престрелка беа убиени и 10 припадници на групата за која се смета дека ја предводел токму тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.