Зоран Заев повторно со ред флоскули, ред лаги ја замајува јавноста додека Македонија тоне. Државата економски пропаѓа, народот осиромашува, владее криминалот и корупцијата и бесперспективноста. Македонија со Заев е најкорумпирана држава во Европа, најсиромашна, со најмалку инвестиции и со најнесреќни граѓани – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие посочуваат дека за сето ова Заев вината или ја бара во граѓаните, или ја бара во опозицијата или ја бара во Европската Унија.

Вистината е јасна, тој работи само за лично богатење и дава закрила на криминалот и затоа Македонија наместо да напредува пропаѓа. Тоа го гледаат и во Европа, тоа го гледаат и во Македонија, а веќе го гледаат во неговата партија. Државата и партијата ја претвори во приватна компанија и се гледа низ призмата на провизиите и личното богатење.Колку побрзо Заев замине на историското буниште, толку побрзо Македонија ќе напредува и на својот европски пат и на полето на економијата и на секое друго поле – додаваат од опозицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.