Колку криминалци треба да избегаат за да министерот за правда Бојан Маричиќ си поднесе оставка, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Само во Македонија затвореник предизвикува сообраќајна со смртни последици и од затвор оди во притвор.

Само во Македонија со Бојан Маричиќ министер криминалците се на слобода наместо во затвор.

Ден Дончев видовме како зема туце со пари и си замина во Австралија наместо во Шутка.

Драги Рашковски наместо во затвор си е дома, иако отворено праќаше пораки осомничените да не кажуваат се пред обвинителите.

Само во Македонија криминалците си поигруваат со правдата и законите.

Бојан Маричиќ со неговиот шеф Зоран Заев се најголемите убијци на правдата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.