Никола Митевски говореше за неговиот однос со Александар Василевски. Кољо и Нинџа биле најдобри другари и кумови и ги делеле тајните.

Тој не сакаше да говори за настаните од 27 април бидејќи овој случај не е завршен и не сака да си наштети.

На прашање на адвокатот Миланов дали Нинџа му се доверил дека на 27 април бил во просториите на некоја партија, тој рече дека такво нешто не му кажал.

Не ми кажал такво нешто – кратко одговори Кољо.

Исто така Митревски рече дека Нинџа никогаш не му споменал дека на 27 април имал комуникација со Јанакиески и Ристовски.

Исто така напомена дека никој не го терал да оди на протестите За заедничка Македонија, туку дека одел самоиницијативно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.