Во делот на кејот на реката Вардар пред четири години СДСМ дадоа ветување дека ќе го доизградат, дури и рекоа кажете вие каде живеете таму ќе никнат и ресторани, треба да никнат објекти, сето ова беше ветувано од нивна страна. А, од тоа ништо не е направено, кејот е запуштен, нагласи Марко Колев, кандидат за градоначалник на општина Велес од ВМРО ДПМНЕ во гостување во емисијата на МРТ.
Колев додаде дека оваа локална власт го запушти градот Велес, не се чисти, ѓубре има насекаде. А, исто така градот не е ниту осветлен.
Колев го запраша противкандидатот Ненад Коциќ, дали има отидено на левата и десната страна на спомен Костурница да ги запраша луѓето како живеат и во какви услови.
Од левата страна патна инфраструктура нема, септички јами има. Од десната страна патната инфраструктура ја нема, фекалиите течат по самите улици – нагласи Колев.
И во делот на „Питијадата“ јас осум години сум дел од организациониот одбор за организирање велешка питијада. Уште кога почнавме во Снупи, па се префрли пред Судот, па пред фото „Весна“, пред „Панини“ и се до завршувањето, вклучувајќи го и последната „Питијада“ која ја организираше Општина Велес под раководство на Ацо Коцевски. Така да „Питијадата“ ќе биде вратена во еден помодерен стил и на помодерен начин на она што значи забава и привлекување туристи“, заклучи Колев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.