Велес додека бев јас раководител на Центарот за развој на Вардарски – плански регион донесе многу проекти и во Велес и во другите општини кои се во состав на Вардарскиот – плански регион. Над 100 проекти додека бев раководител се реализирани, значи проектирањето на индустриската зона „Мамутчево“ е проект на Вардарски – плански регион. Резервоарот и цевководот се проекти од Вардарски – плански регион. Главниот пат кој ги поврзува левата и десната страна во индустриската зона „Караслари“ е проект на Вардарскиот – плански регион. Сериозни вложувања во делот на градинките е исто така проект на Вардарскиот – плански регион“, нагласи Марко Колев, кандидат за градоначалник на општина Велес од ВМРО ДПМНЕ во гостување во емисијата на МРТ.

Колев додаде дека за жал во изминативе години, пет години централна и четири години локална власт во Велес нема ниту една странска инвестиција.

Последната која што е дојдена во Велес е фабриката „Маркард“, каде што вработува наши сограѓани се околу 500-600. Така да треба македонската, односно велешка јавност да знае дека господинот Коциќ имаше можност и како претседател на Совет, но сега и како пратеник да лобира странски и домашни инвестиции да доаѓаат во Велес – заклучи Колев.

Колев посочи дека Велес никогаш не бил позагаден како сега, нема човек кој е задоволен од чистотата во градот, така да ветувањето за изградба на депонија која ја ветуваше СДСМ пред четири години се уште ја нема., а нема ниту претоварна станица.

И во делот на за 24 часа одговор на граѓаните, реалноста во Велес е дека граѓаните одат од шалтер на шалтер собираат потписи и ги препраќаат од комуналното до Општина, и од Општина до комуналното, со што луѓето се шетаат низ градот. Тоа за жал е реалноста, појасни Колев.

Колев рече дека во програмата се обврзува дека ќе се донесе ГУП на Велес кој е неопходен за градот. ГУП е потребен за развој на Велес.

Одвоените финансиски средства по ставки на Буџетот на општина Велес за урбанизација е од година на година се помал и помал, и треба да им кажеме на граѓаните на општина Велес дека без урбанизација и без ГУП, и без ДУП нема развој на градот – нагласи Колев.

Колев додаде дека сите општини кои овој процес го заокружиле имаат развој, а Велес тапка во место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.