Почитувани велешани,Почитувани сограѓани,Во рака ја држам предизборната програма за локалните избори. Програма која заедно со вас во изминативе шест месеци ја подготвувавме, најавува Марко Колев, кандидат за градоначалник на Општина Велес од ВМРО-ДПМНЕ.

Програма во која има 213 проекти. Од кои 126 се проекти наменети за урбаните месни заедници.

Во програмата има и голем број на капитални проекти.Оваа прилика ќе ја искористам да промовирам само три проекти.

Изградбата на подземната катна гаража во центарот на градот ќе биде наш приоритет.

Над катната гаража за првпат Велес ќе добие плоштад.

Реконструкцијата на кејот на реката Вардар е исто така еден од капиталните проекти кои ги ветуваме. Помеѓу стариот и новиот мост ќе има нов кеј на реката Вардар. И од левата и од десната страна.

И третиот проект кој сакам да го промовирам во оваа прилика е изградбата на првиот велосипедски парк во Велес. Помеѓу Велес и езеро Младост. За љубителите на велосипедизмот да имаат соодветни услови за развој и напредок.

Оваа прилика сакам да ја искористам да ве повикам сите заедно да ја прочитаме оваа програма. Јас не ветувам нешто што не можам да реализирам



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.