Лидерот на Граѓанско демократската унија, Петар Колев, за бугарската за БНТ изјави дека Бугарите, кои живеат во Република Македонија, би можеле да бидат корисни во дијалогот меѓу Софија и Скопје.
Колев истакнува дека со нивните конструктивни предлози, тие може да дадат придонес кон решавање на спорот.
Еден јасен сигнал би бил ако Република Македонија почне рамноправно да ги третира граѓаните на нејзина територија, која се самоопределуваат како Бугари – изјави Колев.
Тој додава дека во Уставот се набројани народите кои живеат во земјата, но Бугарите не се присутни во највисокиот правен акт.
Со оглед на тоа што Бугарите не се дел од него, не може да има судија Бугарин или обвинител Бугарин, ниту некој кој ќе биде ангажиран во армијата, како професионален војник. Тоа е едно од основните нарушувања на човековите права во насока на правото на работа и кариера – изјави Колев.
Тој се повика на изјавата на премиеротЗоран Заев дека се почитуваат човековите права на сите граѓани во земјата.
Според Колев, бугарскиот претседател Румен Радев е првиот бугарски државник, кој оценил дека искрено треба да биде слушнато мислењето за односите Софија-Скопје и од Бугарите кои живеат во земјава.
Колев додава дека Бугарите во Македонија очекуваат промена на Уставот во земјата, како и на законите, но и демократски попис на населението, во кој ниту еден граѓанин нема да биде подложен на репресии ако се самоопредели како Бугарин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.