Со најавата за оставка на Заев почнаа да работат партиските кујни во СДСМ.  Фрчат оставки, се бара одговорност не само од лидерот туку и од неговото најблиско раководство….

Најнова е оставката од првиот човек на Надзорниот орган Горан Сугарески, што е за поздравување. Тој доживеа убедлив пораз на локалните избори во Прилеп и логично е да поднесе oставка.

Но, ако си Сугарески си поднесе оставка каде се тука неговите заменици и потпретседатели?

Во партијата заменик-претседател е Сања Лукаревска а четворица потпретседатели се Мила Царовска, Венко Филипче, Фатмир Битиќи и Оливер Спасовски.

Напротив, некои од нив како Љупчо Николовски покажуваат отворени аспирации за наследник на Заев во премиерската и лидерската позиција.

Прашање е како може човек кој како шеф на изборен штаб го доживеал еден од најубедливите порази да претендира за наследник на Заев?

Или пак Спасовски кој лично ја водеше кампањата во Куманово па многумина беа во дилема кој е канидатот за градоначалник.Сепак со сите ресурси од МВР кандидатот на Спасовски загуби од Максим Димитриевски.

Сепак наследникот на Зоран на чело на СДСМ ќе го избере Заев. 

Каков конгрес ќе има СДСМ и кога

Пред мајскиот конгрес СДСМ го промени партискиот статут според кој лидерот на партијата го бираат членовите на СДСМ на неспоредни избори.За таа цел се изврши пререгистрација на членството, а како што брифираат во партијата поголемиот дел се негови луѓе од т.н „струмичко крило“.

Тоа крило нема лесно да ја даде партијата на друг, особено на другото скопско крило кое долго време беше изолирано и сега се надева дека е шансата повторно да ја земата партијата под свое.

На крај, се разбира не смее да се изостави влијанието на „папата“ Црвенковски чии глас се уште се слуша и почитува на „Бихаќка“.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.