Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“зборуваше за новото парламентарно мнозинство со приклучување на Алтернатива во Владата.
Спасовски смета дека парламентарното мнозинство може да расте, а реакцијата на опозицијата со барањето на нови избори не е невобичаено, затоа што секоја опозиција бара предвремени избори.
„Очигледно е посилно и постабилно парламентарното мнозинство д претходно. Секогаш постои можност да расте парламентарното мнозинство. Зависно од консталацијата на целокупната политичка состојба во следниот период, од начинот на дејствување во владата, преку политики кои ќе се креираат, не исклучувам и таква можност“, рече Спасовски.
„Која опозиција не бара предвремени парламентарни избори? Сите опоизициски партии бараат. Се обидоа со потписи, се обидоа со рушење, не успеаја. Тоа не е така едноставно и лесно“, вели Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.