Зошто сè уште постои дополнителен заменик министер во труд и социјала, ако веќе нема технички министер и која е улогата на заменичката, праша пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска во вечерашната емисија „И што сега“ на МРТ. Таа упати и жестоки критики до нејзиниот поранешен колега од редовите на СДСМ Костадин Ацевски, поради начинот на кој функционира техничката влада и разрешеувањето на Рашела Мизрахи од Министерството за труд и социјална политика.

Вие си земате за право како диктатори да разрешувате кој сакате и да поставувате кој каде сакате.  Вие само сакате во овој период да ги злоупотребите и искористите сите корисници кои се под системот на социјална заштита, за жал немилосрдно удирате кај најранливата категорија на граѓани, но за тоа треба да имате чуства и емпатија кон граѓаните на кои што им е потребна поддршка и помош, нагласи Митовска.

Митовска му посочи на Ацевски дека течничката министерка била избрана со концензус на сите политички партии и дека истата треба да биде разрешена од сите политички партии.

Што ви пречеше Рашела Мизрахи? Ви пречеше тоа што почна да ги открива криминалите на Мила Царовска? -Не ве бидува колега Ацевски, не сте спремни за власт и покрај 11 години опозиција вие не сте спремни за власт, вие не сте научени на работа, бидејќи немате визија, вие не знаете да работите не знаете во кој правец да ја водите државата и затоа глумите поголеми Грци и од самите Грци, затоа ви пречи што техничката министерка за труд и социјална политика давала прес пред табла на која што пишува Република Македонија, додаде Митовска.

Таа исто така посочи дека во текот на вчерашниот ден Зоран Заев имал изјава каде што во позадина пишувало Стопанска комора на Македонија и го праша Ацевски дали техничкиот премиер Оливер Спасовски сега ќе побара негово разрешувања исто така и за министерот за образование кој објавил фотографија пред табла на која што стои Република Македонија, но и за и директорот на државен инспекторат за земјоделие поради истата причина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.