Пописот е огромен ризик по јавното здравје. А, директорот на ДЗС , Апостол Симовски ја гарантира безбедноста и почитување на протоколите, кој со здрав разум може да ја гарантира безбедноста и почитување на протоколите на 2.500 попишувачи? Кажете, ми? Кој може тоа? И овде се гледа дека имаме целосно политизирана и целосно нарачана операција, а ако ги погледнете Извештаите меѓународните организации имаат препораки да биде одложен и да биде поврзан со процесот на имунизација. Кај нас нема имунизација, и ние сме запнале да тераме попис како чиста за жал политичка операција, а директорот на ДЗС целосно неодговорно гарантира дека ќе се почитувале протоколите, како може вие да гарантирате, запраша Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ при гостување во радио „Лидер“.
Лефков додаде дека власта упорно сака попис, а не се способни да обезбедат заштита на граѓаните, па во КОВИД центрите колку заболен медицински персонал има само.
Хипотетички, попишувачот е позитивен, вие не сте заболеле, ама треба да одите во карантин 20-тина дена, кој ќе ви ги плати тие денови, директорот на ДЗС? Знаете што значи гаранција? Како може директорот на ДЗС да гарантира безбедност? Директорот на ДЗС единствено може да апелира, тој може да се заложи, но под никако не може да гарантира, истакна Лефков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.