Пратеничката од СДСМ Фросина Ременски за денешното обвинение против неа за случајот „Меѓународен сојуз“ денеска дознала од медиумите.
Тоа уште еднаш покажува како функционираат нашите институции и дали постапуваат согласно законот, независно кон кого се однесуваат. Во однос на одлуката на ЈО можам само да искоментирам дека е избрзана одлука и е само уште една потврда за тоа дека конструкции без докази може да станат основи за обвинение. Тоа секако ќе се докаже, но за тоа некој мора да сноси одговорност и можам слободно да кажам дека со овој процес можам слободно да најавам и реформа на ЈО, имајќи предвид дека многу од прашањата допрени во јавноста останаа неодговорени и секако тука не очекувам соработка од останати институции, но очекувам соработка од новиот министер за внатрешни работи, којшто можеби ќе има слух и сенс за одредени прашања којшто не беа отворени во изминатиот период, со тоа да добијат на гласност, а со тоа и опозицијата да покаже дека стои на ставот дека ќе работи професионално и согласно закон, рече денеска Ременски.
Додаде дека во „оваа смешна постапка“ ќе се виде немањето на докази против неа. Пратеничката и потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски вели дека нема никакви докази дека направила некакво кривично дело и дека осомничен е само нејзиниот углед и авторитет. Воедно, обвини дека станува збор за политичка пресметка.
Факт е дека порачките за политички елиминации на најгруб можен начин се уште функционираат и јас сум длабоко убедена дека изборот на денешниот ден не е случаен имајќи во предвид дека политичките амбиции на одредени лица се пресилни за да земат во предвид било какви професионални ангажмани мои во минатото, рече Ременски.
Претходно, по распитот кај Вилма Русковска, Ременски изјави дека очекува дека за неа нема да се води судски процес, бидејќи нема докази дека му помагала во финансиската измама за старечките домови. Како што напомена тогаш, истрагата во која е осомничена заедно со Боки 13 и уште три лица е одмазда од разузнавачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.