Несогласувањата помеѓу пратениците на Коалицијата Алијанса и Алтернатива и ДУИ, кулминираа на денешната собраниска седница, каде се расправаше за одложување на пописот на населението. Спикерот на собранието Џафери му се обрати на пратеникот Елми Азири од Алијанса, бидејќи како што рече слушнал дека му кажал да му биде фрлена вода, а Азири негираше.

Доколку вие тоа не сте го кажале, тогаш се извинувам, слушнав дека некој кажа да ми биде фрлена вода, нека повели – рече Џафери.

Претходно координаторот на ААА Скендер Реџепи ги повика пратениците од ДУИ да не го поддржат законот за одложување на пописот, бидејќи како што рече бил штетен за Албанците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.