Во 34 општини се избрани градоначалници во првиот круг од локалните избори што се одржаа вчера, покажуваат првичните резултати на Државната изборна комисија (ДИК) објавени на нејзината веб-страница.

Речиси во сите општини се избројани 100 отсто од гласовите, освен во неколку, но и таму исходот е извесен. Од избраните во првиот круг, најмногу има ВМРО-ДПМНЕ – 21 градоначалник, додека СДСМ има девет, ДУИ три и еден има ДПТМ.

Градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во прв круг

Тимчо Муцунски во Аеродром;

Бобан Стефковски во Гази Баба;

Александар Георгиевски во Илинден;

Дарко Костовски во Бутел;

Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода;

Александар Стојкоски во Ѓорче Петров

Киро Нацков во Градско;

Ристо Манчев во Босилово;

Марко Колев во Велес;

Миле Петков во Виница;

Борчо Коцев во Зрновци;

Димитар Костадиновски во Јегуновце;

Митко Јанчев во Кавадарци;

Виктор Паунов во Карбинци;

Драганчо Саботковски во Могила;

Горан Стојанов во Неготино;

Стевче Стевановски во Новаци;

Борче Митевски во Петровец;

Борче Јовчески во Прилеп;

Стефче Трпковски во Сопиште;

Дејан Владев во Свети Николе;

Иван Јорданов во Штип;

Градоначалници од СДСМ во прв круг

Анго Ангов во Дојран;

Звонко Пекевски во Берово;

Блаже Шапов во Богданци;

Перо Костадинов во Валандово;

Горан Трајковски во Делчево;

Сашко Митовски во Крива Паланка;

Николче Мискоски во Кривогаштани;

Томе Христоски во Крушево;

Костадин Костадинов во Струмица.

Градоначалници од ДУИ во прв круг

Еркан Арифи во Липково;

Алија Јаоски во Пласница;

Блерим Беџети во Сарај;

Скопски општини кои добија градоначалници во првиот круг

Во првиот круг седум скопски од Скопје добија градоначалници.

Тимчо Муцунски во Аеродром;

Бобан Стефковски во Гази Баба;

Александр Георгиевски во Илинден;

Дарко Костовски во Бутел;

Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода;

Александар Стојкоски во Ѓорче Петров

Блерим Беџети во Сарај;

Каде ќе има втор круг?

Втор круг ќе има во 46 општини и во Градот Скопје.

Во Скопје во втор круг ќе се соочат актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов, и независната кандидатка Данела Арсовска, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Во Центар од 100% обработени 90,22 отсто од гласовите ниту еден кандидат ги нема потребните 50% плус еден глас, па во вториот круг битката ќе ја бијат Горан Герасимовски од СДСМ и Наташа Котлар-Трајкова од ВМРО-ДПМНЕ.  Герасимовски освои 9026 гласа (40,24 отсто), а Котлар 7462 гласа (33,27 отсто).

Во Карпош, кандидатот на СДСМ Душко Весковски, како првопласиран ќе се соочи со Стевчо Јакимовски од ГРОМ, кој за малку во битката за второ место го победи Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Арачиново тоа се кандидатите Ридван Ибрахими од ДУИ со 2 286 гласа и Милкије Халими од СДСМ со 2 023 гласа.

Во Битола во втор круг влегуваат Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ со 19 571 и Христо Кондовски од СДСМ со 17 926. Трет е Горан Милевски од ЛДП/ДОМ со 3 343, кој е министер за локална самоуправа во Владата, а двете партии кои стојат зад него се дел од владината коалиција.

Во Боговиње во вториот круг влегуваат Бесник Емиши од ДУИ со 4 942 и Аљбон Џемаили од Алијанса/Алтернатива со 2 878. Трет е Фатмир Сабриу од БЕСА со 2 035, чии гласови може да имаат влијание во вториот изборен круг.

Во Брвеница во вториот круг одат Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 2 052 гласа и Енвер Пајазити од група избирачи со 1 319 гласа. Трет е Мирко Стојановски од СДСМ, кој има 1 051 гласа кои би можеле да влијаат врз резултатот во вториот круг, но тука некаде е и Аркин Јахији од ДУИ со 1 065 гласа.

Во Василево ќе се соочат Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ со 3 090 гласа и Марјан Јанев од СДСМ со 3 035 гласа.

Во Вевчани Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ води со 776 гласа, пред Сашо Јанкоски од СДСМ со 698.

Во Врапчиште се соочуваат Неби Реџепи од ДУИ со 3 298 гласа и Исен Шабани од Алијанса и Алтернатива со 3 946. При ваков резултат важни ќе бидат гласовите што ги доби Рефик Мустафи од ДПТМ – 1 324.

Во Гевгелија Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ со 6 064 ќе се соочи со Сашо Поцков од СДСМ со 4 465 гласа. Важно е и на чие конто ќе одат 999 гласа на Виктор Петков од ЛДП/ДОМ кој е трет.

Во Гостивар во водство е Арбен Таравари од АА/А со 15 724 гласа, а втор е Невзат Бејта од ДУИ со 13 190.

Во Дебар ќе биде мегдан за Хекуран Дука од ДУИ со 3 713 и Беким Поцеста од АА/А со 3 998 гласа.

Во Дебарца Зоран Ногачески, од група избирачи со 1 053 гласа е пред Игор Крцоски од СДСМ со 979. Влијание ќе имаат 734 гласа на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Силјаноски.

Во Демир Капија двајца кандидати ќе се борат за градоначалничката функција: Лазар Петров од СДСМ со 1 219и Андон Донев од ВМРО-ДПМНЕ со 1 194 гласа.

За Демир Хисар ќе се соочатСтевче Митревски од СДСМ со 2 432 и Никола Најдовски од ВМРО-ДПМНЕ со 2 409 гласа.

Во Долнени Урим Ибески од ДУИ со 2 047 гласа и Аднан Џафероски од СДСМ со 1 521 ќе се борат за градоначалник во вториот круг, но кандидатите на ДПТМ со 1 376 и на ВМРО-ДПМНЕ со 1 347 ќе имаат влијание врз изборот.

Во Желино Фатмир Изаири од ДУИ со 4 296 ќе се соочи со Блерим Сејди од БЕСА со 3 877 гласа.

Во Зелениково Коста Маневски од ВМРО-ДПМНЕ води со 1 040 пред Борче Гиевски од СДСМ 1 015 гласа.

Во Кичево Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ со 8 801 е пред Фатмир Дехари од ДУИ со 8 545 гласа, а значаен број гласови вчера освои и независниот Фатмир Лимани – 4 527.

Во Конче Благој Илиев од СДСМ има 968 гласа и е пред Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ со 859 гласа.

Во Кочани ќе се борат Николчо Илијев од СДСМ со 7 963 гласа и Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ со 7 490.

Во Кратово, Тодорче Николовски од ВМРО-ДПМНЕ со 2 378 гласа ќе се соочи со Влатко Бојковски од СДСМ со 1 445 гласа.

Во Куманово битката е меѓу Максим Димитриевски, актуелен градоначалник кој на минатите избори беше од СДСМ, а сега е независен со 15 164 гласа и неговиот довчерашен сопартиец Оливер Илиевски со 15 142. На оваа тесна разлика можат да влијаат гласовите што ги освои кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски – 8 582.

Во Лозово битката ќе биде меѓу Ацо Велковски од СДСМ со 695 гласа и Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ со 428, додека може да бидат пресудни 268 гласа на независниот Јордан Павлов.

Во Маврово и Ростуша одат кандидатите на СДСМ Медат Куртовски со 1 563 гласа и на БМРО-ДПМНЕ Мевдед Џафери со 1 558.

За Македонска Каменица Соња Стаменкова 12.СДСМ со 1 270 гласа е пред Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ со 1 198, а одлучувачки можат да бидат гласовите на двајца независни Ангелчо Георгиевски 537 и Перо Митревски 592.

Во Македонски Брод Жарко Ристески од ВМРО-ДПМНЕ со 1 418 гласа е пред независниот Ацо Новески со 1 198, но Живко Силјаноски од СДСМ може да влијае со неговите 1 025 гласа од рвиот круг.

Во Ново Село Ѓорѓе Божинов од ВМРО-ДПМНЕ со 2 460 е пред Звонко Ангелов од СДСМ со 2 391 гласа.

Во Охрид Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ со 14 380 гласа е пред Константин Георгиески од СДСМ со 12 460.

Во Пехчево Славчо Пандурски од СДСМ со 1 107 во вториот круг влегува со мала предност пред Александар Китански од ВМРО-ДПМНЕ со 1 076 гласа.

Во Пробиштип Драган Анастасов од СДСМ со 4 230 влегува во втор круг со Маријан Миленковски од ВМРО-ДПМНЕ со 3 766 гласа.

Во Радовиш Ацо Ристов од ВМРО-ДПМНЕ со 4 894 и Коле Чаракчиев од СДСМ со 3 280 гласа одат во вториот круг, но тука се и 2 071 глас на независниот Горан Поцев и оние на кандидатот на ЛДП/ДОМ – 1 895 кои може да влијаат кој ќе биде победник.

Во Ранковце Борче Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ со 959 гласа и Даниел Крстевски од СДСМ со 871 одат во втор круг.

Во Ресен Јован Тозиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 2 586 гласа е пред актуелниот градоначалник Живко Гошаревски од СДСМ со 2 536 гласа. Разликата е многу мала па можно е да бидат одлучувачки гласовите на кандидатката од ЛДП/ДОМ – 258 и на ДУИ – 512.

Во Росоман Стојан Николов од СДСМ со 1 148 гласа и Тихомир Николов од ВМРО-ДПМНЕ со 947 гласа одат во втор круг.

Во Студеничани Азем Садики од ДПА со 3 146 гласа ќе се соочи со Ејуп Абази од ДУИ со 2 440 гласа. Поради малата разлика може да биде значајно каде ќе одат 1 781 глас на кандидатот на Алијанса и Алтернатива.

Во Старо Нагоричане Жаклина Јовановска од СДСМ со 949 гласа оди во втор круг со Власте Димковиќ од ТМРО со 510. Кандидатот на ВМРО-ДПНЕ во првиот круг заврши трет со 383 гласа.

Во Струга Рамис Мерко од ДУИ освои 10 956 и оди во втор круг со Идри Истреби од АА/А со 9 421 гласа. Значаен број гласови – 4 352 гласа освои кандидатот на СДСМ Димче Шипинкаровски кој е трет во првиот круг.

Во Теарце Нухи Незири од ДУИ со 3 818 гласаа е во водство пред Назим Таипи од АА/А со 2 362 гласа. Речиси 2 000 гласаа има кандидатот на БЕСА кои може да бидат одлучувачки.

Во Тетово Теута Арифи од ДУИ е со 11 138 гласа пред Биљал Касами од БЕСА со 10 496 гласа.

Во Чаир Висар Ганиу од ДУИ води со 12 990 гласа е пред Беким Сали од АА/А со 9 824 гласа.

Во Чашка во втор круг влегуваатГоран Стојановски од СДСМ со 1 688 и Суат Шаќиров од ДУИ со 1 436. Над илјада гласа освои и кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ Зоран Здравевски кои може да влијаат на тоа кој ќе победи.

Во Чешиново-Облешево Далибор Ангелов од ВМРО-ДПМНЕ со 1 511 глас оди во втор круг со Горанчо Крстев од СДСМ со 1 386 гласа. Врз крајниот резултат може да влијаат гласовите на кандидатот на ЛДП/ДОМ – 625.

Во Чучер Сандево во втор круг одат Сашко Комненовиќ од СДСМ со 1 929 гласа и независниот Јован Пејковски со 1 963 гласа.

Во Шуто Оризари Ферат Асан од СДСМ со 3 280 гласа и Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ со 2 246 одат во вториот круг. Значаен број гласови – 1 372 освои кандидатот на Левица, Тефик Махмут, гласови што може да влијаат врз конечниот резултат во вториот круг.

Во Центар Жупа ќе биде повторено гласањето затоа што немаше потребна излезност од една третина од запишаните гласачи. Во борба за градоначалничката позиција во оваа општина се Аријан Ибраим од ДПТМ и Шаин Шаќир од ДНЕТ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.