Агенцијата за цивилно воздухопловство потврди дека кај М-НАВ пријавила безбедносен инцидент што се случил на осми мај годинава, објави ТВ 24.
За овој настан, од страна на турските воздухопловни власти е остварена директна комуникација со АЦВ, затоа што еден од авионите ѝ припаѓа на турска авиокомпанија, додека од другиот оператор досега не е пристигната никаква пријава или известување.
Притоа, АЦВ детално ги информираше турските воздухопловни власти за преземените активности. Направен и конечен извештај за настанот, преземени се мерки и постапката е целосно реализирана, информираат од АЦВ без да посочат кои мерки се преземни и што значи тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.