Од Кабинетот засега не потврдуваат дали Џафери ќе оди во Крушево за прославата по овод Илинден како што претходно беше најавено, ниту кога ќе ја закаже конститутивната седница на новиот собраниски состав, но укажуваат дека се ќе биде направено согласно роковите од Уставот и собранискиот Деловник.

Талат Џафери минатата недела беше хоспитализиран на Инфективната клиника заради системска контрола.

Според Уставот, тој треба да ја закаже конститутивната седница најдоцна до 4 август. Ако не биде во можност тоа да го стори, таа улога му припаѓа на најстариот пратеник во новиот собраниски состав



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.