Портпаролот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на прашање на „Република“ за односите со Бугарија најави дека има спротивен став од премиерот Зоран Заев .
Заев вчера рече дека се подготвува нова Декларација со источниот сосед.
Подготвени сме да усвоиме Декларација која ќе биде правнообврзувачка за имплементирање на се она што е предвидено од договорот со Бугарија – изјави Заев.
Но, денеска Арсовски говори нешто друго.
Нема збор за нов анекс на договорот. Ставот на владата е дека Договорот за добрососедство е одлична рамка за решавање на сите отворени прашања. Ако реферирате на онаа идеја како да се дефенира јазикот, тоа е право на Бугарија да остане на таквото барање, со фуснота или на друг начин.Меѓутоа, тоа за нас е неприфатливо и не е добра основа за компромис.ЕУ го признава македонскиот јазик и го користи при преводи.Бугарија има право на своја позиција, Советот на ЕУ тоа може да го земе во предвид но не може да биде нивен став-објасни Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.