Кратко време откако на социјалните мрежи го критикуваше односот на Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски кон новинарите, директорот на Телма, Атанас Кировски го избриша постот од својот профил, што го поставува прашањето дали некој од власта извршил притисок врз директорот за да го тргне постот во којшто ги критикува здравствените власти.
Да биде уште посимптоматично, во првичната верзија на објавата на Кировски, освен Караџовски беше спомнат и министерот за здравство, Венко Филипче.
Со навредливиот, потценувачки и манипулативен однос кон медиумите и новинарите, Караџовски и Филипче единствено што ќе постигнат е да создадат моќни непријатели – стоеше во првата реченица од првичниот пост на Кировски.
Од оваа објава на Кировски, за брзо време го снема презимето на министерот, со што првата реченица доби облик: Со навредливиот, потценувачки и манипулативен однос кон медиумите и новинарите, Караџовски единствено што ќе постигнат е да создаде моќни непријатели.
Кратко време потоа целата објава ја снема од Фејсбукот на Кировски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.