Дали се очекувапе ваков исход на локалните избори кои заврпија во неделата?! Се веруваше ли СДСМ да изгуби во најголем дел од општините? Дали СДСМ беа свесни за револтот кај народот од нивната политика? Делуваа самоуверено, до степен на ароганција, дека тие се доброто, противкандидатот е злото. Сметаа дека сѐ уште може да играат на карта – прислушкувани разговори, со кои рушеа некаков режим, а на крај се испостави дека се беа само креирани приказни – и Монструм, и Никола Младенов, Мартин Нешковски…
Аналитичарите ги додаваат и многуте афери, лошата политика, блокадата од страна на Грција, референдумот…
Тие велат бројни причини се фактор за историскиот пораз на СДСМ, како нереализираните ветувања и проекти, неспроведените реформи, неиспорачување на правда, внатрепартиските препукувања и комбинации, надворешната политика, недобивањето на датум за почеток на преговори, блокадата од страна на Бугарија, влошување на односите со меѓународната заедница, хаосот низ општините кој се должи на неажурното и несмасно управување со локалните проблеми на градоначалниците од СДСМ. Од сите овие фактори кои придонесоа до историскиот пораз на Зоран Заев и СДСМ, се чини дека она кое преовлада кај граѓаните е високиот степен на корупција и криминал, како и вмешаноста на врвот на власта во досега најголемите коруптивни скандали во историјата на Македонија, како и забеганоста на заевите луѓе кои за кои сомневањата за сторен криминал или корупција беа секојдневни во јавноста.
Секојдневно овие неколку години, откако е СДСМ на власт, во јавноста се обелоденуваат скандали за сторен криминал во одреден ресор или општина. Тоа придонесе Македонија да се најде на 111-то место на светската скала за ниво на корупција, но, и по оценките за хибриден режим и потонувањето на земјава длабоко во корупција, Заев и функционерите околу него не направија никаков исчекор за да ја променат коруптивната реалност. Се покажа дека коментарите на социјалните мрежи не се коментари од лажни профили и луѓе на опозицијата, како што постојано обвинуваше СДСМ, туку реалната слика кај народот од она што се случува во државата.
Од тендерите за софтверот на Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата на Заев, и неговата оставка, скандалот со поранешниот пратеник Павле Богоевски, кој си даде оставка, случајот Рекет2 со Ден Дончев, кој си даде оставка од директор на Фондот за здравствено осигурување, скандалот со Лидија Димова и распределбата на европски пари за чудни измислени проекти се само дел од луѓето и коруптивните скандали со криминални дејствија на луѓето на Заев.
Драги Рашкоски го чини скапо Заев
На Рашковски му претходеше аферата со експресното доделување на компанијата ШИК „Јелак“ простор во Тетово, за што контроверзниот бизнисмен Мирослав Дака Давидовиќ по разговорите кои беа објавени им платил на Заев и на Рашковски 300,000 евра. Како и аферата „Леонардо“ според која Драги Рашковски доделувал тендер на италијанската компанија „Леонардо“ за набавка на систем за управување со воздушен простор во вредност од 7 милиони евра. Потоа аферата со фирмата „Сархемс“, која иако формирана 24 дена пред јавниот повик, Рашковски и Заев успеале според обвинувањата да и дадат 72 милиони евра за јавно-приватно партнерство за хеликоптери.
Последните скандали на Рашковски одморот во Мексико за кој Рашковски потрошил над 20,000 евра, поседување на возило џип од марка Волво кој чини над 70,000 евра не пријавено во имотен лист, викендицата која ја гладат неговите маалолетни деца во с. Побожје во Скопска Црна Гора, како и викендицата во Маврово, беа се чини плафон на скандали поврзани со Рашковски, по кои си даде оставка од функцијата.
Меѓународни криминалци со македонски пасоши
Аферата која остана контроверзна сама по себе, по која Македонија е веројатно единствената земја во светот во која меѓународен криминалец од рангот на Седат Пекер кој бил протеран на 18 јануари 2021, а веќе на 21 јануари се појавил во полициска станица Драчево со барање за лична карта, а веќе на 27-ми МВР му издало лична карта, со украден или лажен идентитет, а власта го пречекува во земјава со полициска придружба, како и остварува средби со пратеници од македонското Собрание, што е скандалозно само по себе.
Имено не станува збор за неколку патни исправи, туку за 215 пасоши, тоа се 215 лажни или украдени идентитети кои им ги издало МВР за кои Оливер Спасовски, а подоцна и судот одлучи дека дека истото го направиле некои полицајци внатре во министерството, што е многу дискутабилно.
Додека скандалите се нижеа, за само една година во Македонија младинската невработеност се зголеми дупло, па 55% од младите ја изгубија можноста да гледаат да најдат работа во земјава.
Рекет, Боки 13, Катица, вакцини, образование…
Случајот со Рекет и Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13 можеби е еден од случаите кои го одбележаа владеењето на СДСМ, каде обвинети повикуваа од судските рочишта дека „рибата смрди од главата“, односно дека рекетот доаѓа од врвот на власта.
Да не ги заборавиме и скандалите со кинеските провизии, за набавка на кинеските вакцини и тоа што сееуште не е јасно дали министерот за здравство Филипче даде 7 милиони долари како резерација за набавка на 200.000 вакцини, преку сомнителна фирма.
Во меѓувреме министерката Мила Царовска направи скандалозни промени за дигитализацијата и укинувањето на печатените учебници, а две години во пандемиски услови не се овозможи компјутер за настава на секое дете за следење на настава од дома, а копираната платформа за дигитално учење доживеа колапс, прашање е дали учениците добија реално образование во овие последни две години и што научија од таквите реформи.
Петре доживеа целосен дебакл
Можеби најголемиот удар на владеењето на Заев овие избори се случи во градот Скопје. А, не е ни чудно зошто Петре Шилегов доживеа целосен дебакл, а за Заев беше „all in“, затоа што впрочем Град Скопје под владеењето на Шилегов е менаџирање кое изобилуваше со скандали и афери, што лично за Шилегов кој со чиновничка плата стана најбогат градоначалник во Европа, што за управувањето со градот. Од скандлите со тендерите на сомнителните фирми, зонското паркирање, несправување со загадувањето, непродуктивните трошоци, набавката на пожарникарска скала по енормна цена, плаќањето за зимско одржување за скопските општини во сред лето, несправување со депониите, несправување со дивоградбите, и прекумерното богатење на Шилегов кој според информациите во јавноста успеа и да си изгради зграда дивоградба. Стотици сомнежи за криминал и корупција остави владеењето на соборникот на Заев, Петре Шилегов.
Во меѓувреме Љупчо Николовски министерот за справување со корупција на Заев апсеше путер на смеа на јавноста, додека земјава тоне во криминал.
Ако се погледне менаџирањето со општините на градоначалниците на СДСМ, печат беше Боро-Марлборо градоначалникот на Ново Село кој беше обвинет за шверц на цигари. Константин Георгиевски поранешниот градоначалник на Охрид влезе длабоко со несправување на дивоградбите и пицеријата на Нефо го одбележа неговото владеење не реформите потребни за неодземање на статусот кој Охрид го има во УНЕСКО. Поранешната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска ќе ја паметиме по единствениот капитален проект за битолчани, реновирањето на мостчето кое остана запаменето во јавноста.
Целосно потфрлување имаше на градоначалниците на СДСМ во Прилеп, Велес, Штип, а веројатно најголеми разочарувања дојдоа од градоначалниците во Скопје, не се решија проблемите на граѓаните од Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела вода, Бутел, каде и скандалите за криминални однесувања и сомнежи за голема корупција на градоначалниците беа големи.
Иако Заев се обиде 5 до 12 да врши промени и понуди нови кандидати во дел од општините,тоа беше попусто затоа што не беше доволно граѓаните да веруват дека СДСМ е најдоброто за нивната општина.
Стотици скандали, коруптивни зделки, сомнителни тендери, криминални мрежи кои одат низ целиот Балкан, од најниските ешалони до врвот на власта, се одлика на владеењето на СДСМ на чело со Заев со државата и општините. Не е чудно што граѓаните одлучија да го казнат коруптивното и криминално работење на оваа власт, која не само што не испорача правда туку ја заглави државата во нови кризи и со етипет на земја која е во тесна врска во криминалното подземје, но и управувана од луѓе кои зад себе оставаат стотици афери и скандали. Граѓаните на овие избори покажаа дека не сакаат да бидат водени од такви концепти, но истите и ги казнија, па од тие причини СДСМ и Заев доживеаја тежок пораз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.