Осуден криминалец кој лежел затвор за обид за убиство е заштитената бела мечка на Заев и Спасовски, Бурим Маслам, кој дивееше со бентли на скопскиот плоштад, објави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Правдата на Зоран Заев е кога осуден криминалец среде плоштад во Скопје полн со луѓе ќе се втурне со бентли и за тоа Спасовски формално ќе го казни со само 45 евра, а Шилегов ќе се пофали. И кога, на пример, нечепнат ќе помине сторителот на сообраќајката кај Млечен во која загина еден човек, а мајка која остана со тешки телесни повреди го загуби плодот, обвини Стоилковски.

Казната од 45 евра е грубо исмевање на правдата и шамар во лицето на чесниот народ.

Тоа што се случи вчера на плоштадот во Скопје е последица на тоа што правниот систем на Заев и Спасовски нефункционира и го штити криминалот и ги штити криминалците.  Затоа што осудени криминалци не одговараат за сторени кривични дела а тука Заев, Спасовски и Шилегов глумат правда за прекршок од 45 евра, рече Стоилковски.

Еве што стои во заднина.

Возачот на бентлито е  Бурим Маслан познат како Бурим Харачина, познат на полицијата, кој што бил осуден со затворска казна за тешки дела разбојништво и загрозување со предизвикување на општа опасност. Лежел затвор за обид за убиство. И од лани има две кривични пријави за разбојништво и за насилство. Лани и кај него е направен претрес дома при онаа т.н. спектакуларна полициска акција во Грчец и Арачиново кога беше пронајдено нелегално оружје и дрога. Кај него било пронајдено најмалку едно парче недозволено оружје.

Овој човек поминува неказнето за илегално оружје, обид за убиство и насилство и затоа дивее низ скопските улици, вели портпаролот на опозициската партија.

Еве го Харачина, кој е заштитен како бела мечка од Заев и Спасовски, денес слободно лудува среде Скопје по цена од 45 евра!

Објавува снимки по социјалните мрежи како вози со над 220 на час, лудува меѓу украсите на Петре од 200.000 евра, загрозува пешаци на плоштадот, а Заев и Оливер Спасовски прават маркетинг дека му наплатиле 45 евра, нагласи Стоилковски.

Харачина нема ниту еден ден работен ден стаж, ама има за лудување со луксузни возила, да купува нови како бентлито купено пред неколку дена, може при претрес да му биде одземено оружје како при акцијата лани, за да потоа во шерифски стил да вози по пешачка зона среде Скопје.

Кој му дава сила и храброст на Харачина неказнето да се однесува како шериф среде Скопје, со толку кривични пријави? Можеби и вчера ќе убиеше некого, ама помина со казна од 45 евра.

Како е можно луѓе со кривични пријави за тешки дела да лумпуваат среде Скопје и да минуваат со казни од по 45 евра? Вчерашното лумпување е исто предизвикување општа опасност по член 288 од КЗ, особено што е повторување на делото! Па, го штити ли Заев возачот кој што дивееше со бетлито Бурим Харачина?

ЈО има должност да поднесе Кривична пријава за Бурим Харачина за предизвикување општа опасност од член 288 став 3 од КЗ особено затоа што лицето казнето само со 45 евра и до сега има повеќе тешки и притоа слични дела, завршува Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.