Правото на глас, денеска на ден пред изборите, го искористија 6710 од вкупно пријавените 7645 болни и немоќни, лица со Ковид-19, затвореници и лица во установите за вонсемејно згрижување, соопшти ДИК.
На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право од запишани 1.409 гласачи го остварија 943 гласачи.
Во своите домови како болни или немоќни од пријавени 5588, гласаа 5287, а во установите за вонсемејно згрижување, од запишани 266, правото на глас го искористија 212 лица.
Како лица кои се во домашен карантин или на кои им е определена мерка самоизолација поради КОВИД-19, во своите домови пријавени беа 376, а гласаа 268 лица.
Гласањето секаде, според информациите добиени од општинските изборни комисии, помина без проблеми, истакнуваат од ДИК
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.