Владата со која раководи Зоран Заев, попладнево го демантира Зоран Заев, кој утрово кажа дека македонскиот идентитет е предмет и дел од разговорите кои тој ги води со Бугарија. Или Заев не ја информирал владата за што преговара, или владата невешто се обидува да го вади од калта – реагира ВМРО-ДПМНЕ откако денеска владата ги демантираше натписите од изјавата на Заев за преговорите за придавката „македонска“.

Оттаму велат дека ова е само уште еден доказ дека нема компас во бродот кој тоне, наречен Зоран Заев.
Јавноста легитимно си го поставува прашањето кој е луд, а кој збунет?! Зоран Заев во своето интервју призна она кое ВМРО-ДПМНЕ го говори неколку дена наназад. Заев преговара за македонскиот идентитет, јазик и историја. Заев откако го продаде името, сега го продава и идентитетот – велат од опозицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.