Црните рекорди на Филипче продолжуваат, алармираат од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека секој ден има четирицифрена бројка на нови случаи според статистиката на Министерството за здравство.

Вкупната бројка на заразени се движи кон 45 илјади, а неспособниот Филипче предвидуваше дека ќе биде две илјади. Во последното деноноќие уште 25 семејства завиени во црно, а од почетокот на пандемијата 1263 починати лица. Неспособниот Филипче ги фрла граѓаните во секојдневна голгота.

Нема соодветна терапија за сите, истата се добива во приватните болници, пациентите умираат на пат до болница, по ходници на клиниките. Прашуваме кој е интересот на Филипче што овозможи приватните болници да се богатат на грбот на пациентите додека државното здравство колабира, се вели во нивното соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека медицинските лица се целосно незаштитени.

Филипче девет месеци од короната кризата ги остава без соодветна лична заштита, па така од почетокот на пандемијата 1.527 медицински лица, а починаа 13. Време е за одговорност!

Затоа Филипче оставка веднаш!, се вели во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.