Црногорскиот бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ минатта година преживеа атентат во истиот хотел во кој во 2000 година беше застрелан Жељко Ражнатовиќ Аркан. Тогаш хотелот се викаше „Интерконтинентал“ а сега Краун Плаза“. Непознат напаѓач испукал куршум во лобито на хотелот „Краун плаза“ .
Тој во емисијата кај Миломир Мариќ раскажуваше за атентатот и оти едвај спасил жива глава.
Инаку Давидовиќ му е кум на Момир Булатовиќ, заедно со Мило Ѓукановивиќ еден од најдолговечните политичари во Црна Гора.Булатовиќ ненадејно почина минатата година.
За македонската јавност Дака е познат како бизнис партнерот на Зоран Заев, Драги Рашковски и Зоран Милевски Кичеец.
Од снимката која беше објавена во јуни годинава меѓу Миодраг Давидовиќ Дака и Зоран Милески Кичеец, инаку осуден во корупцискиот скандал „Рекет“, кажува дека е пратен директно од Зоран Заев.
Потоа Милески го потсетува Дака дека му дал ветување на генералниот секретар на Владата и близок соработник на Заев, Рашковски дека е тука ако треба да заврши работа за референдумот за името.
Советот на Општина Тетово каде мнозинство имаат СДСМ и ДУИ деновиве пак изгласа детален урбанистички план со кој на Дака му се дава градба од 230 000 метри квадрати од кои станови дури 140 000 метри квадратни, а околу 80 000 метри квадратни деловни објекти.Вкупната заработка би можела да изнесува 200 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.