Кастриот Реџепи, пратеникот од Беса кој реши да не се појави на денешната седница за гласање за доверба на владата рече дека од високи претставници на ЕУ и САД добил силни сигнали дека ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ.
Реџепи не кажа од кои дипломати добил уверување дека ќе почнеме преговори и оти дотогаш ќе има решение на спорот со Бугарија.
Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и земјите од ЕУ, кои ми беа доставени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата најверојатно ќе добие зелен сигнал за почеток на преговорите, решив да не учествувам на собраниската седница-напиша Реџепи.
Евопскиот совет ќе одржи состанок на 14 декември. Ако лидерите на ЕУ одлучат да има преговори тоа значи дека Бугарија попуштила во барањето или пак дека Заев ги прифатил сите барања на источниот сосед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.