Секое законско решение мора да биде производ на консензус, но и во дослух со експертската јавност. Затоа предлагам Законот за јавно обвинителство да дојде од експертите и професорите од Правниот факултет кои имаа релевантност и искуство од оваа материја и беа дел од јавната дебата. Професионализамот да го ставиме над партиските интереси, а законот кој тие ќе го предложат безрезервно и без двоумење ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати.

Ова на денешната прес-конференција го побара претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, бидејќи смета дека Законот кој го предлага Зоран Заев е едностран и во спротивност со експертските мислења, Уставот и кривичната материја.

Ајде професорите и експертите вклучени во јавната расправа да изготват решение коешто еве јавно пред македонската јавност кажуваме и се обврзуваме дека ВМРО-ДПМНЕ безрезервно ќе го подржи, а истото да го подржи и власта, која на тој начин ќе застане рамо до рамо со честитоста и вистината пред граѓаните, а заедно ќе покажеме дека се ставаме над партискиот интерес. Да се однесуваме зрело и одговорно, европски. Еднаш партиите да дадат шанса на експертите, рече Мицкоски.

Во име на тоа ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање на тим од врни експерти кои што ќе работат на изготвување на овој закон, меѓу кои ќе бидат вклучени професорите по уставно и казнено право, а тоа се:

Професор Доктор, Владо Камбовски,
Професор Доктор, Гордана Силјановска,
Професор Доктор, Никола Тупанчевски,
Професор Доктор, Гордан Калајџиев,
Професор Доктор, Тања Каракамишева,
Професор Доктор, Гордана Лажетиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.