Државниот завод за статистика (ДЗС) реагираше откако  екс пратеникот Илија Димовски на емисијата Само Вистина на Канал 5 откри јавно објавени информации според кој голем број македонски граѓани организирано попишуваат во дијаспората.

Државниот завод за статистика (ДЗС) нема ангажирано лица за пописот за иселениците, ниту ќе ангажира. Самиот термин самопопишување значи дека лицата иселеници сами го вршат попишувањето онлајн. Ве молиме, да не се шират дезинформации и за сите нејаснотии обратете се на официјалниот профил на @popis2021, стоеше во реакцијата на ДЗС.

Димовски објави имиња на повеќе луѓе кои јавно објавиле свои телефонски броеви преку кои граѓани можат да бидат попишани во дијаспората.

Директорот на ДЗС во видеото негира дека овие лица се на платен список на Заводот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.