Вчерашниот ден беше последен во кариерата на Горјан Тозија како директор на Агенцијата за филм“, објави порталот на дневниот весник на албански јазик „Коха“.
Според сознанијата на „Коха“, Владата ќе донесе одлука да го прифати барањето на Антикорупциската комисија и на Тозија да не му биде продолжен мандатот како вршител на должноста директор на Агенцијата.
Во барањето на ДКСК се наведува дека според наводите на антикорупционерите, Тозија ги прекршил процедурите во постапките за исплата на филмските проекти согласно Законот за филмска дејност и договорите за финансирање на филмските проекти избрани на конкурс потпишани меѓу филмските продуценти и Агенцијата за филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.