Јасно е дека мнозинството Македонци очекуваат претседателот Ѓорге Иванов да стави крај на политичкиот прогон во Македонија. Тој има уставно и законско право за тоа, но и морална обврска. Од друга страна, премиерот Зоран Заев, неговиот коалициски партнер Али Ахмети и еврокомесарот Јоханес Хан го советуваат да не го прави тоа.

Иванов во Крушево; од изборната кампања во 2014 година

Во однос на одлуката дали да го искористи своето уставно и законско право да го прекине политичкиот прогон во Македонија, пред да ја донесе конечната одлука, Иванов треба да си одговори 10 прашања.

  1. Кој го донесе на власт: народот, мнозинството Македонци и дел од другите етнички заедници, или пак Заев, Али и Хан?
  2. За кого работеше 10 години: за народот или за Заев, Ахмети и Хан?
  3. Кој го почитува: народот или Заев, Ахмети и Хан?
  4. Кој го презира и игнорира: народот или Заев, Ахмети и Хан?
  5. Кој во иднина може да го почитува: народот или тројцата во заминување Заев, Ахмети и Хан?
  6. Чија е оваа држава: на народот или на Заев, Ахмети и Хан?
  7. Кој повеќе ѝ мисли добро на државата: народот или на Заев, Ахмети и Хан?
  8. Од чии пари 10 години Иванов зема плата, и по чии мандат ги доби сите почести низ светот?
  9. Кој ќе се чуствува измамено, напуштено и предадено ако Иванов постапи спротивно на очекувањата: народот или на Заев, Ахмети и Хан?
  10. Кон кого Иванов чувствува морална обврска: кон народот или на Заев, Ахмети и Хан?

Некои Велат Иванов се плашел од тројцава. А од народот?

Повеќе на оваа тема ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.