Синот на на поранешниот дипломат и актуелен професор на ФОН Нано Ружин, Александар Ружин, деновиве е назначен за дипломатски советник на Зоран Заев за „економска, социјална и културна соработка со државите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург) и Франција“.

Доколку се сомневавте во искуството на Ружин помладиот на тема Бенелукс и Франција, тема за која секој месец зема по 50.000 денари за советување, ве потсетуваме на неговиот пат во Амстердам во јуни 2016, кога заедно со неговата „пријателка Елена“ ја советуваа македонската јавност на теми за љубовта и балансот во животот.

Видеото, кое беше поставено на интернет од страна на Алек, подоцна беше избришано, па заменето со ново, посветено на „сите хејтери“. Сепак, оригиналното обраќање од автомобилот на Ружин и пријателката во врнежливиот Амстердам може да се погледне тука.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.