Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски возврати на денешното соопштение на СДСМ, во кое се вели дека „ако Мицкоски, единствениот на браникот на криминалот по сопствено признание, навистина бил загрижен за владеење на законите и државата, како што вели, сите докази за акцијата „Двојник“ ќе ги доставел до надлежните инситуции, но тој застана на страната на криминалците, јавно објавувајќи информации со цел да ја саботира акцијата на полицијата“.

Кога секој обид за докажување на корупција преку институциите завршува во фиока или како обвинување за лажни вести, и кога власта е мафијашко легло, а институциите со кои управува се длабоко корумпирани, единствен начин за борба е јавното известување на домашната и странската јавност, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.