Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи во друштво со Сашо Ордановски на Телевизијата 1тв на Бојан Јовановски зборуваше како Катица си го ставила на коцка животот, таа го понела целиот товар во најлоши услови. Таа била предводник на тимот за позитивни промени.
“Како мислите да се смени Катица Јанева? Зарем таа жена од јавното обвинителство, која прва повлече нога да се направат позитивни промени во правото и правдата во Македонија, заслужува да биде сменета од челната позиција? Јас можеби и не сум толку битна, но битна е Катица Јанева која го понесе целиот товар и се соочуваше со притисоци, закани, дури беше и таа што освен за своето семејство се грижеше и за сите нас што прифативме да работиме со неа во СЈО. И реално не очекувам и еве најотворено лично не сакам Катица Јанева да биде тргната од таа позиција.“
Фетаи смета дека СЈО имало нагло растење на довербата и па дури и глорифицирање на трите обвинителки, уште по првата прес-конференција кога се формираше обвинителството. Потоа имале пад на довербата која се должела на разни субјективни и објективни околности, но цени дека сега како обвинителство се предмет едно разочарувачко чаршиско муабетење „и овие не ги бива“.
Дали е чаршиско муабетење?!
Фетаи сега ја нема, била на годишен одмор… Што има сега да каже обвинителката – за што Катица го стави животот на коцка?!
Молчи и Сашо Ордановски, кој беше советник во СЈО… Сега го нема да зборува за неограниченото време кое СЈО го имаше во 1ТВ, за бизнис односите, за интересот…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.