На централниот митинг во Гевгелија, професорката Гордана Силјановска Дакова, претседателски кандидат поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, зборуваше колку е важно целата власт да не биде сконцентирирана во рацете на неколку поединци, кои без кочница од опозицијата, не ќе можат да ја контролираат.
Кога не сте попречени, кога немате спрега и кочница од опозиција, од пратенците кои поинаку мислат, кога немате критичари, туку имате обожаватели околу себе, тогаш ќе потонете во глупости. Тогаш Македонија ќе личи на земија во која, како што вели Ротердамски, се фали глупоста. Вие не заслужувате такво нешто. Заслужуваме пристојни, учении, политичари интелектуалци, критичари кои не се поклонуваат пред странците само поради тоа што се странци, туку им ги опишуваат вистинските состојби, ги бранат аргументите, спорат со нив, водат дијалог, и велат: Ве молиме, разберете, наша е татковината. Вие можете да бидете прагматични и практични, но ние не можеме да заборавиме на срцето и умот, рече Силјановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.