Изјавата на националниот координатор за гранично управување Владимир Пивоваров за Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ е практикување на демократијата во стилот на комунизмот, сталинизмот и фашизмот.
Пивоваров вели граѓаните биле криви што се возеле во автобус без лиценца, не побарале да видат дали автобусот е лиценциран. Претпоставувам дека истиов господин кога влегува во авион бара лиценца од пилотот и стјуардесата.
Веројатно луѓево се криви и затоа што живи гореле, исто како оние во болницата во Тетово.
Ова е вашето видување и поимање на демократија и успешно управување со државата? Во стилот на комунизмот, Стаљинизмот и фашизмот?
Ваквото извртување на тезите во корист на криминалот и корупцијата, кои ја уништуваат државата, народот нема да може вечно да го трпи, но тогаш ќе стигне и заслужената казна, затоа што претерано е, премногу е.
Во емисијата „25 минути“ на ТВ24 Пивоваров изјави дека и граѓаните, требало да ја проверат лиценцата на автобусот.Според него вината може да се гледа и во граѓаните кои требале да ја проверат лиценцата на автобусот.
Дали некој од граѓаните побара, праша дали ова возило со кое патуваат има интербус дозвола. Верувам дека не. Одговорност имаат и граѓаните, како што имаат и институциите, дополни Пивоваров, вели Пивоваров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.