Самопрогласениот аспирант за превземање на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Мијалков, летото ќе го помине во ултра скап ресорт на охридското крајбрежје кое овие денови го прилагодува за своите мегаломански потреби, пишува „Економски лидер“.

Мијалков стана сопственик на пентхаус од неколку стотина метри квадратни на име на неговата компанија, пишува порталот и прашува како тој дојде до ултра луксузен хотел, замок на Водно и најново, пентхаус во Охрид. И сето ова не е баш европски културно иако устата му е полна со Европа? Којзнае, ако не лидерот на СДСМ, Зоран Заев на сечење на лента, неговиот брат Вице Заев сигурно ќе дојде!

И твитерџиите се се погласни на оваа тема.

Кога ја пишуваше Сашо анализата? Додека ги чекаше стаклените зидови од Чешка за 170 квадратиниот пентхаус со спална што гледа на Охрид или додека рушеше зидови на станот што се води на Ексико? – стои во еден твит каде се коментира ставот на Мијалков за внатрепартиските работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.