Кандидатот за градоначалник на Велес од СДСМ, Ненад Коциќ, во емисијата „24 анализа“ изјави дека еден од проектите му е Велес без отпад и тоа е една од активностите кои ги работи со години за заштита на животната средина.
Ако се направи споредба од минатиот период, ситуацијата е сега различна, Тогаш немавме фукционален камион за собирање на ѓубрето. Денес се набавени десетина половни камиони за чистење, поставени се 30 подземни контејнери и купени се и метларки по урнек на оние во Вашингтон, а зголемен е број на вработените – вели Коциќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.