Европската унија не сака да коментира за тоа кога би се одржале предвремените избори во Македонија ниту пак за формирањето на новата Влада.

Маја Коцијанчич, портпарол на Европската комисија, за „Република.мк“ објаснува дека ЕУ целосно го поддржува Договорот од Пржино и оти тој бил подржан од сите партии, без разлика дали тие биле на власт или во опозиција.

фото: еuropeanwesternbalkans.com

Ние нема да шпекулираме за претстојните предвремени избори или за процесот на формирање на владата. ЕУ го олесни и го поддржува спроведувањето на договорот од Пржино. Овој договор беше неопходен за надминување на сериозната политичка криза, кој произлезе од лошите постапки и недостатоци на владеењето на правото, откриени во нелегалните прислушувања. Овој договор беше за утврдување одговорност и беше поддржан од сите политички партии, без оглед дали тие биле во власт или во опозиција-вели Коцијанчич за „Република.мк“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.